Македонската одбојкарска репрезентација пристигна во Софија, каде што веќе го одработи и првиот тренинг пред настапот на Европското првенство. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски тренираа во помошната сала на „Арена 8888“, која ќе биде нивен дом во групната фаза.
Расположението во македонскиот табор е одлично, но Миленкоски побара максимален фокус, дисциплина и посветеност во пресрет на големиот предизвик. Македонија е во групата Б со домаќинот Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел.










