Пред стартот на оваа 2026/27 сезона, ретко кој претпоставуваше дека Тиквеш ќе игра значајна улога во шампионатот. Се прогнозираше битка за опстанок, па дури и кога на клупата седна “Словенецот“ Оливер Богатинов.
Но, и уште еднаш, но, Тиквеш покажа сила. Игра феноменално, игра на гол повеќе и ако не беше оној слаб ден со Шкендија Арачиново, сега Тиквеш ќе беше рамо до рамо со Шкендија и Струга ТЛ на врвот, а вака е само трет на табелата.
Не паметиме некој тим да го надиграл така шампионот и тоа со играч помалку речиси цел меч. Вистинско чудо е како Вардар “извади“ 1:1, а требаше со играч повеќе да биде поразен најмалку со 5:1.
Но ако Вардар се спаси од катастрофа, тогаш Шкендија не се спаси. Просто неверојатно е како Тиквеш одигра на ФФМ во петокот. И не само поради тие 3:1, не поради таа победа или хет – трикот на Сила, туку поради начинот на кој тимот на Богатинов дојде до трите бода.
Секоја чест за тренерот на Тиквеш, затоа е и без дилеми најдобар тренер на ова 6.коло.















