ТИМ И ИГРАЧ НА 6. КОЛО: Сила ФАНТАСТИКО

105

Кога ќе и дадеш три гола на Шкендија, кога ќе ја растуриш една Шкендија со хет – трик за гостинска победа од 1:3 за својот Тиквеш, која до петокот беше перфектна, тогаш не треба да има дилеми дека Нфанли Сила е играч на ова 6.коло. Сила ФАНТАСТИКО накусо. Не треба објаснување, на сите нас Сила ни “објасни“ како се игра фудбал на тој меч на ФФМ против Шкендија.

Покрај него во тимот на колото од Тиквеш се и Фал, Вареловски и Висдом. Од Струга ТЛ во тимот на колото се Василев, Диако и Бојку. Вардар ја победи Ренова во дебито на Гроф Божовиќ, а одлични беа Маневски и Спахиу. Во идеалните единаесет се и Да Силва (Башкими) и Мехмед (Шкендија Арачиново) кои беа најзаслужни за победите на своите тимови и тоа на гости кај Скопје и Брегалница.

ИГРАЧ КОЛОТО

НФАНЛИ СИЛА

Тим: Тиквеш

Роден: 02.02.2005 во Гвинеја

Кариера: Калум, Јеничами, Генчлик, Думлупинар, Тиквеш

ПретходноНатпреварот Брера – Работнички од 5. коло на ВМФЛ е одложен
СледноЧупиќ пред стартот на ЛШ: Нормално Мелсунген е фаворит, но јас ќе бидам задоволен само со победа