На вечерашен состанок во екипата на Барселона, наводно било договорено Роналд Куман да не биде повеќе тренер на „каталонците“, но тоа да му биде соопштено после мечот со Атлетико Мадрид, пишуваат каталонските медиуми.
Наводно за отказ биле поголемиот дел од членовите на управата на Барселона, кој ќе чини 12 милиони евра.
Наводно Барса веќе преговара со потенцијални кандидати.
Каталонските медиуми пренесуваат дека Лапорта многу се налутил за составот кој излегол против Бенфика, што била последната капка која ја прелила чашата.