Има „дил“: Меси се договори да го купи шпанскиот второлигаш!

141

Лионел Меси е на чекор од нова улога во шпанскиот фудбал. Аргентинската суперѕвезда постигнал принципиелен договор за преземање на мнозинскиот пакет акции во фудбалскиот клуб Елденсе, клуб кој оваа сезона настапува во Втората шпанска лига.

Според информациите од Шпанија, Меси би требало да ги преземе сите акции на клубот, а операцијата се очекува да биде официјализирана во следните денови, по завршувањето на финансиската ревизија и неопходните административни процедури.

Доколку трансакцијата биде реализирана, ова ќе биде првпат Меси да стане сопственик на професионален клуб во Шпанија. Во април тој веќе презеде контрола над каталонскиот Корнеља, кој се натпреварува во петтиот ранг на шпанскиот фудбал.

Ако Меси навистина го преземе клубот, Елденсе од мало второлигашко име би можел да стане еден од најследените клубови во Шпанија.

ПретходноЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)
СледноЏими Батлер ќе се врати на терените околу Нова година