Почнува 34. Европско во одбојка: Македонија отвора против Бугарија, шампионот оди дирекно на ЛОИ 28

86
фото: CEV.eu

Денеска почнува 34. Европско првенство во одбојка за мажи, на кое за титулата ќе се борат 24 репрезентации. Шампионатот се одржува во Италија, Финска, Бугарија и Романија, во седум градови – Милано, Торино, Неапол, Модена, Тампере, Клуж и Софија.

Честа да го отвори првенството и припадна на репрезентацијата на Македонија. Нашите одбојкари попладнево од 18 часот ќе се сретнат со селекцијата на еден од домаќините на шампионатот, Бугарија во Софија, а час подоцна ќе играат и Романија – Летонија во Клуж. Свеченото отворање, сепак, ќе биде во четврток во Неапол, на легендарниот плоштад Пјаца дел Плебисцито, каде Италија ќе игра против Шведска пред околу 6.500 гледачи.

Македонија на ова ЕП се најде во групата „Б“ во која покрај Бугарија за противници ќе ги имаме и Украина, Полска, Португалија и Израел.

Пласман во осминафиналето ќе обезбедат најдобрите четири селекции од секоја група. Македонија на последното Европско првенство успеа да ја мине групната фаза со што направи и најголем успех континенталните првенства со пласманот меѓу 16-те најдобри репрезентации на Стариот континент.

Интересно е што победникот на шампионатот ќе обезбеди и директен пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028, додека сите три медалисти ќе обезбедат место на Светското првенство во 2027 година.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: 

18.00 Бугарија – Македонија

19.00 Романија – Летонија

НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА: 

09.09 Бугарија – Македонија (18.00)

11.09 Украина – Македонија (15.00)

13.09 Македонија – Полска (18.00)

15.09 Македонија – Португалија (15.00)

16.09 Израел – Македонија (15.00)

ПретходноПресврт: Ренџерс не го пушта Миовски да си замине!
СледноМурињо во одбрана на Вини: Тој не е во најдобра форма, но дава се од себе и заслужува почит