Денеска од 16 часот, со седум натпревари, продолжуваат возбудувањата од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Се чини дека најинтересно ќе биде во Радовиш каде домашниот состав на Детонит ќе ја пречека Шкендија Арачиново. Во Штип тимот на Брегалница, без тренер, ќе “брка“ пласман во 1/8 финалето против Тетекс. Второлигашко дерби ќе имаме меѓу Новаци и Охрид, како и меѓу Осогово – Беласица. Саса игра со Шкупи, а Башкими е голем фаворит против БВК Коњаре, Кожув се среќава со Скопје.
Познато е дека Силекс, како актуелен освојувач на трофејот, веќе е во следната фаза, како и екипите на Струга ТЛ, Пелистер, Македонија ЃП, Брера и Вардар.
Остануваат уште три меча од ова прво коло кои ќе се играат на 24 септември, 6 и 14 октомври. Познато е дека поради настаните од последното финале, тетовска Шкендија оваа сезона не игра во Купот на Македонија.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 16 Ч
БВК Коњаре – Башкими
Детонит – Шкендија (А)
Саса – Шкупи
Кожув – Скопје
Новаци – Охрид
Осогово – Беласица
Тетекс – Брегалница
24.09.2026 – 16 Ч
Могила – Арсими
06.10.2026 – 15 Ч
Кросу Спорт Битола – Тиквеш
14.10.2026 – 15 Ч
Вардар (Н) – Работнички
*Силекс, Струга ТЛ, Пелистер, Македонија ЃП, Брера и Вардар веќе се во 1/8 финалето










