Алкараз ги загрижи навивачите: Камерите го фатија моментот како повраќа на теренот

290
фото: US Open Tennis @usopen (X)

Карлос Алкарас предизвика загриженост кај навивачите за време на драматичниот четвртфинален меч против Бен Шелтон на УС Опен. Шпанецот, кој го бранеше трофејот во Њујорк, во еден момент од мечот имаше сериозни физички проблеми, а камерите го снимија како повраќа на теренот. Ситуацијата веднаш привлече големо внимание, особено поради фактот што дуелот се играше во исклучително висок ритам.

И покрај проблемите, Алкарас продолжи да се бори и успеа да остане во мечот до самиот крај. Дуелот траеше повеќе од четири и пол часа и беше прекинат во раните утрински часови по локално време. На крајот, сепак, Шелтон приреди голема сензација и славеше со 3:2 во сетови, по што обезбеди пласман во полуфиналето. Американецот триумфираше по драматичен петти сет и тај-брејк, во кој беше подобар со 10:7.

ПретходноКуп -1/16 финале: Детонит на мегдан со Шкендија (А), Брегалница во Штип против Тетекс
СледноЈаја Туре: Не се плашам од ПСЖ, ќе им направиме многу проблеми