Македонскиот младински репрезентативец, Адмир Љатифи одлично „гази“ во дресот на Осијек. Тоа му овозможува статус на офанзивецот, со голем респект во клубот, и минутажа, која е задоволувачка.
Самото тоа вели дека клубот има намера да го задржи, и ќе му даде нов договор до 2028 година.
Со истиот Осијек ќе сака да го задржи Љатифи уште малку, а згора на тоа да му ја зголеми откупната клаузула очигледно, затоа што за него отворен интерес има од Шпанија односно Германија.
Според хрватските медиуми, за Љатифи „загриза“ тимот на Селта Виго, а од друга страна шпанците имаат конкуренција во германски Фрајбург.
Љаити инаку е дете на Њу Старс, а во домашниот шампионат настапуваше и за екипите на Македонија ЃП, односно Беса Добри Дол.
Има преку преку 25 настапи за младинските селекции на Македонија, а иако е 2007 годиште веќе има три настапи за У21 селекцијата.











