Капитенот на младата репрезентација замина на позајмица во Дукла

181

Еден од капитенит на актуелнета У21 репрезентација на Македонија, Мартин Ѓоргиевски следниот период ќе го мине на позајмица во тимот на Дукла од Бањска Бистрица.

Тој е под договор со тимот на Збројовска Брно, но таму неговата минутажа не е како што треба, па младиот офанзивец оди на калење што се вели.

Некогашниот играч на Брера рано во кариерата направи интернационален трансфер, и ете сега се соочува со проблеми на минутажата. Да се надеваме дека во Дукла истата нема да биде тема и Ѓоргиевски ќе го покаже сиот свој потенцијал и талент.

Тој инаку од најмала возраст е дел од младинските селекции на Македонија, и има близу педесет настапи за нашиот национален тим. За А селекцијата сеуште нема дебитирано.

ПретходноВардарецот Абделхак со трет најубав гол на колото во ЛШ!(ВИДЕО)
СледноБарса веќе го одбрала наследникот на Ханси Флик?!