Вицешампонот на Македонија, тимот на КК Скопје кој до пред неколку дена беше КК Маџари, нема да се натпреварува во АБА2. Одлучено е да се откаже од учеството во регионалната кошаркарска лига за сезоната 2026/27.
АБА испратило инфо до сите клубови кои ќе се натпреваруваат дека КК Скопје се повлекува од натпреварувањето.
Претходно Собранието на АБА донело одлука, испразнетото место да не биде пополнувано со некоја друга екипа.
Па така, АБА2 во претстојната сезона ќе се игра со преостанатите клубови, согласно утврдениот систем на натпреварување. Ќе има промени само во групата А каде што требаше да биде КК Скопје, ќе има само три екипи додека во групата Б. Каде што е ТФТ ќе има пет екипи.










