Ѕверот Митревски ја има најдобрата одбрана во ЛШ, зад него е Борко Ристовски (ВИДЕО)

915

Двајца македонски голмани се најдоа во изборот на ЕХФТВ за најдоброто од 3. коло во Лигата на шампиони.

„Круната“ му припадна на Никола Митревски. Македонскиот репрезентативец е причината поради која Порто го запиша вториот триумф сезонава. Во самиот финиш на гостувањето кај Динамо Букурешт одбрани удар за голема радост во редовите на португалскиот првак. Мечот го заврши со девет интеревенции.

Второто место на оваа Топ 5 листа оди кај Борко Ристовски. Во првиот меч во Лигата на шампиони запиша 16 интервенции, а двојаната против Алборг се најде меѓу најдобрите. Вардар дојде до втората победа и со едно реми, е еден од двајцата непоразени тимови по 3. коло во Лигата на шампиони.

Најдобрите пет одбрани, вклучувајќи ги на Митревски и Ристовски можете да ги видите на следниот ЛИНК.

ПретходноКлоп без Александер-Арнолд и Алкантара за супер-дербито со Манчестер Сити
СледноХери Кејн во одбрано голгетерско друштво