Џејмс Родригез сподели емотивно видео: Дојде тој момент!

70

Џејмс Родригез објави крај на репрезентативната кариера. Еден од најголемите колумбиски фудбалери на сите времиња се прости од националниот тим по 131 настап и 31 гол, а одлуката ја соопшти преку емотивно видео на социјалните мрежи.

„Дојде тој момент. Ви благодарам за секој натпревар, секоја радост, секоја солза и секој заеднички сон. Да се бранат боите на колумбиската репрезентација беше една од најголемите чести во мојот живот. Ти благодарам, Колумбија. Засекогаш“, порача Џејмс.

Последниот натпревар го одигра на Светското првенство

Последниот настап за Колумбија го имаше на Светското првенство во 2026 година. Колумбија стигна до осминафиналето, каде што по изведување пенали беше елиминирана од Швајцарија. Тој натпревар се покажа како последен за Џејмс во репрезентативниот дрес.

За сениорската репрезентација дебитираше во 2011 година како 20-годишник, а три години подоцна стана една од најголемите ѕвезди на Светското првенство во Бразил. Таму ја освои „Златната копачка“ како најдобар стрелец на турнирот, а особено остана запаметен неговиот волеј против Уругвај.

Џејмс се простува од репрезентацијата како колумбиски рекордер со 131 настап. Постигна 31 гол, најдобар асистент е во историјата на националниот тим и втор најдобар стрелец, зад Радамел Фалкао. Исто така, го држи рекордот на Колумбија по бројот на голови во квалификациите за Светското првенство.

Ја предводеше Колумбија и до финалето на Копа Америка

Тој беше и еден од клучните играчи на генерацијата која во 2024 година стигна до финалето на Копа Америка, а како капитен ја предводеше Колумбија и на последното Светско првенство.

Само неколку дена пред да го објави повлекувањето од репрезентацијата, Џејмс направи уште една голема промена во кариерата. По речиси две децении се врати во Колумбија и потпиша за Атлетико Национал. За првпат по заминувањето од татковината на 16-годишна возраст, повторно ќе настапува за колумбиски клуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Rodríguez (@jamesrodriguez10)

ПретходноЈанев и Незири ја минаа првата пречка во конкуренција на двојки
Следно„Топчиите“ имаат чудо од дете, Унгарецот го крена „Енфилд“ на нозе