Од олимписките терени до улога зад репрезентацијата – Лидија Хорват

39
Ракометната федерација на Македонија направи значаен и уникатен чекор кога станува за жените во овој спорт. За време на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ во Охрид, ќе се одржи Првиот Женски ракометен форум. Имињата кои ги одбра РФМ се навистина уникатни, а сите кои сонуваат да бидат на врвот ќе имаат можност да ги слушнат приказните на едни од најдобрите ракометарки од регионот.
Од олимписките терени до улога зад репрезентацијата, Лидија Хорват ќе биде дел од првиот женски ракометен форум. Поранешната хрватска репрезентативка зад себе има долга и богата меѓународна кариера, настапувајќи за клубови како Локомотива Загреб, Подравка, Будуќност и Мец.
Со Подравка освои повеќе шампионски и куп-титули во Хрватска, а со репрезентацијата настапуваше на бројни европски и светски првенства. Еден од најголемите моменти во нејзината кариера беше настапот на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, каде Хрватска стигна до четвртфиналето.
По играчката кариера Хорват остана во ракометот. Денес е технички менаџер на женската сениорска репрезентација на Хрватска, функција што ја презеде во 2024 година. Лидија Хорват е уште еден пример дека искуството стекнато на теренот може да има важна улога во развојот на следните генерации.
Женски ракометен форум – Охрид 2026
Датум: 26.09.2026
Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“
Време: 11:00 – 13:30
Панелистки: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ
Модератор: Jана Серафимова
Организатор: Ракометна Федерација на Македонија
ПретходноТотенхем му верува на Де Зерби, засега не размислува за тренерска смена
СледноСуперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезона