Во Охрид утре започнува меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“, на кој ќе настапат четири женски сениорски репрезентации. Покрај Македонија, учесници се Србија, Хрватска и Црна Гора.
Првиот натпреварувачки ден ќе биде отворен со дуелот меѓу Хрватска и Црна Гора од 16:00 часот. Во вториот натпревар, од 18:00 часот, македонската репрезентација ќе ги одмери силите со Србија.
Двата натпревари ќе се одиграат во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, а љубителите на ракометот ќе можат да го следат бесплатно. затоа што влезот во салата ќе биде слободен.
Средбата Хрватска – Црна Гора ќе се пренесува на Arena M2 Premium, додека Македонија – Србија на Arena M1 Premium. Сите натпревари од турнирот ќе бидат достапни на каналите на Arena Sport.










