Битигхајм за кој настапува македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, ги заврши настапите во Купот на Германија.
Бундеслигашот на домашен терен загуби од второлигашот Минден со 34-32, па гостинскиот тим обезбеди пласман во осминафиналето.
Томовски имаше одлична партија и запиша 13 одбрани, но сепак, неговите интервенции не беа доволни Битигхајм да избегне елиминација.










