Албанија ни го „украде“ Нуман Ајетовиќ!

225

Нов шок за македонскиот фудбал, кога станува збор за младинските селекции, и релациите со соседна Албанија.

Досега сме имале неколку случаји на наши млади репрезенаттивци кои одлучија да ги променат националните бои и да настапуваат за Албанија, а по се изгледа дека ќе имаме и најнов таков пример.

Момчето кое што изникна во младинската школа на Вардар, кое што настапуваше и за Новаци, Шкупи и Шкендија, а сега е успешен првотимец на тимот на Егнатиа, Нуман Ајетовиќ и офиијално од сега натаму ќе настапува за Албанија.

Тој во досегашната своја кариера има преку дваесет настапи за младинските национални селекции на Македонија од најмала возраст. Од У17, па се до У21 генерацијата. Сепак, стоперот кој што е роден во 2006 година, не се најде на списокот на новиот селектор Александар Таневски за претстојните мечеви со Русија, односно Црна Гора и Шведска, па и тоа е уште еден индикатор дека во неговиот случај за Македонија нештата не се како што треба.

Ајетовиќ е веќе на официјалниот список на репрезентацијата на Албанија до 21. година за претстојниот пријателски меч со репрезенатцијата на Украина. Последен ваков пример беше оној на Фета Фетаи екс играчот на тимот на Работнички.

No description available.

 

ПретходноНови проблеми за Зидан: Се повреди ѕвездата на Реал, повикан нов играч (ФОТО)
СледноГерманецот Даниел Шлагер ќе ни суди против Швајцарија!