Во Кавадарци се одигра доста интересен натпревар, би рекле дерби на првото коло меѓу Еуро Никел и Гостивар. На крајот во речиси една изедначена битка, победата остана во салата „Јасмин“. Избраниците на Горан Самараџиев славеа со убедливи 88-77.
Победникот беше одлучен во првата четвртина во која избраниците на Горан Самарџиев постигнаа 21 поен, на другата страна нападот на гостите запре, имаат само пет поени, премалку за да се добие еден дерби натпревар како овој.
Предраг Самарџиски со 21 поен дебитираше во дресот на Еуро Никел, заедно со Дарко Соколов, кој запиша 18 поени, 6 скока и исто толку асистенции, беа одличен тандем на теренот. Добра игра прикажа и Калахан кој имаше 16 поени.
Во редовите на Гостивар пак Тодоровиќ и Ефремовски со по 21 поен беа први стрелци.