Штип тргна со пораз, Тиквеш со убедлива победа!

132

Екипата на Штип не успеа со победа да тргне во Супер-лигата. Новиот член во кошаркарската елита на домашен терен беше совладан со убедливи 65-93. Кавадарчани овој дуел го добија благодарение на одличната игра во првата четвртина во која имаа предност од 24 поени (6-30).

Штип доби само една четвртина, после полувремето, беше подобар со 24-18, но тоа не беше доволно за да приреди пресврт бидејќи противникот во последните десет минути повторно одигра на високо ниво и заслужено се радуваше на победата.

Кај Тиквеш прв стрелец беше Смит со 25 поени и 8 асистенции, на другата страна Хамилтон, Стенфорд и Александровски имаа по 13 поени.

ПретходноЧАС ПО РАКОМЕТ ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Вардар е институција за ГРК Охрид
СледноПосле голема драма Алкалоид остана перфектен!