Националите тренираа на помошен терен! (ФОТО)

57
ФОТО:facebook.com/ffm.mk

Поради проблеми со теренот на „Термоплан Арената“ во Луцерн, кој е во лоша состојба, нашите репрезентативци доцна попладнево тренираа на помошниот терен на спортскиот комплекс. Ова значи дека избраниците на селекторот Гоце Седлоски немаа можност да се запознаат со теренот на кој утре од 20.45 часот ќе ги одмерат силите со силната селекција на Швајцарија.

Да потсетиме дека во изминатите три меча Македонија доживеа три порази, без постигнат гол, а утре со четата на Мурат Јакин ќе го одиграме вториот меч во Б Лигата на Нации ако се знае дека на 26 септември, дома бевме поразени со 0:3.

ПретходноУ-21: Македонија со пораз ги заврши квалификациите!
СледноНи Мурињо не му може ништо: Еве како Мбапе вози велосипед!(ВИДЕО)