Тренер од Јордан за најмладите пинг понгари

24
Од 6 до 13 Октомври Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) ќе спроведе тренинг камп за 18 млади пинг понгари од Mакедонија. Кампот се одржува во Пехчево, а Атум и селекторот на македонската репрезентација Милош Миленковиќ го посетија клубот од Берово кој е еден од најмасовните во државата.
Ова е втор тренинг камп со меѓународен тренер за само еден месец. Во септември во Скопје се одржа камп со поддршка на Амбасадата на НР Кина, а во рамки на China Table Tennis College.
Од 11 Октомври нашите најдобри сениори, Кристијан Станојковски и Амелиа Николов, ги очекува нов предизвик – учество на Европското првенство во Словенија.
ПретходноЛига на Нации: “Ранетата“ Хрватска на мегдан со страшната Шпанија, Англичаните против Чешка
СледноМакедонија ја совлада Црна Гора на вториот меч во Охрид