Арда Туран ќе биде новиот селектор на Турција

51

Арда Туран е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Турција. Актуелниот селектор Винченцо Монтела се очекува да ја напушти функцијата по серијата лоши резултати.

Според информациите од турските медиуми, Туран е фаворит за негов наследник.
Поранешниот турски репрезентативец моментално е тренер на Шахтјор Доњецк, каде работи од 2025 година. Турската фудбалска федерација наводно размислува за модел според кој Туран би можел истовремено да го води Шахтјор и националниот тим.
Монтела е под силен притисок по четирите порази во првите четири натпревари во новата сезона на Лигата на нациите.

Турција во тие натпревари постигна само два гола, а прими 11, што дополнително ги засили критиките кон италијанскиот стратег.

ПретходноВисла е нов предизвик: Вардар пред полни трибини ја посакува првата победа во ЛШ
СледноСобир на женската репрезентација до 19 години