„Кралот“ во нов дрес: Леброн дебитираше за Филаделфија (ВИДЕО)

89

Леброн Џејмс го одигра првиот натпревар во дресот на Филаделфија 76ерс, откако настапи во претсезонскиот дуел против Бруклин Нетс. Искусниот кошаркар забележа 10 поени, четири скока и пет асистенции за 18 минути на паркетот, но неговиот нов тим загуби со 114-108.

Четирикратниот НБА-шампион настапи само во првото полувреме, во кое Филаделфија имаше предност од 58-56. Џејмс беше сигурен од линијата за слободни фрлања, реализирајќи ги сите осум обиди, а го погоди и единствениот шут од поле што го упати.

Џејмс, кој во јули потпиша двегодишен договор со Филаделфија, ја започнува својата рекордна 24. сезона во НБА-лигата. По осум години во Лос Анџелес Лејкерс, тој ќе се обиде да му помогне на новиот тим да се врати во борбата за шампионската титула.

ПретходноЛамин Јамал: „Таа е мојата кралица и највредното што го имам во животот!“
СледноНаковски Волеј без победа на Балканскиот куп, Олимпијакос триумфираше во Струмица