Евролига: Црвена Звезда со голема победа се враќа од Лион

41
фото: KK Crvena zvezda (FB)

Кошаркарите на Црвена звезда остварија голема гостинска победа против Асвел во Лион, во драматичен натпревар од петтото коло во Евролигата. Белградскиот тим мораше да се враќа во игра по падовите во текот на средбата, но во завршницата покажа повеќе смиреност и карактер и на крајот однесе победа од 82:84.

Во драматичните последни минути одговорноста ја презеде Крис Џонс. Американскиот плејмејкер беше клучен во завршницата и се претвори во херој на гостите, кои успеаја да ја однесат победата од Франција.

За Црвена звезда ова е значаен триумф, особено пред продолжението на двојното коло. Претходно денеска фенербахче беше убедлив дома против Жалгирис со победа од 99:80.

ПретходноФиналето на ракометното СП во Германија ќе се игра на стаклена подлога со ЛЕД-осветлување
СледноИсак, Гакпо и Собослај го пропуштаат гостувањето кај ЛАСК