Еурофарм Пелистер во бледо издание го запиша вториот пораз во Европската лига, откако на гостувањето кај Гумерсбах беше поразен со убедливи 38-28. Битолчани беа рамноправен противник само во првите 15. минути од дуелот против бундес-лигашот, а потоа целосно потонаа. Ритамот кој го наметна противникот и начинот на кој ја казнуваше играта на „седум на шест“ која Червар и натаму ја практикува си го стори своето.
Искусниот стратег на клупата на Пелистер е убеден дека на реваншот во Битола ќе одиграат подобар натпревар.
„Знаевме однапред дека денеска нè очекува многу тежок натпревар. Во првите 15 минути игравме добро и бевме рамноправни, но особено во второто полувреме Гумерсбах го покажа целиот свој квалитет. Сосема е нормално дека кога ќе го прикаже сиот свој потенцијал на теренот, тогаш е и подобриот тим. Се надевам дека на реваншот ќе одиграме поинаков натпревар“, изјави Червар после мечот.










