Српскиот тенисер, Стефан Милиќевиќ од страна на меѓународната агенција за интегритет во тенисот е прогласен за виновен за местење на шест тениски мечеви од кои што директно учевствувал во пет.
Поради тоа, казнет е со бавење со професионален тенис во следните 24 години што е енормно висока казна, и се поистоветува практично со доживотна, со оглед на годините на Милиќевиќ и можноста по истекот на истата повторно да се натпреварува на некакво ниво.
Плус доделена му е и финансиска глоба од 70.000 евра што е исто така за тениски услови сериозна казна.










