ДВЛМ СО СИСТЕМСКИ ПРИСТАП КОН ОДГОВОРНОТО ИГРАЊЕ

32

Превенцијата, едукацијата и стручната поддршка се клучни за препознавање и намалување на ризиците од проблематично играње игри на среќа. Одговорното играње не почнува тогаш кога ќе се појави проблем, туку многу порано, со информираноста, свесноста за ризиците и навременото препознавање на предупредувачките знаци.

Токму затоа, Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно”, континуирано вложува во превенција, едукација и психо-социјална поддршка, со јасна цел: да ја зајакне свесноста за одговорното играње и да обезбеди стручна помош за лицата кои се соочуваат со предизвици поврзани со играњето игри на среќа.

Од 2019 година, иницијативата се развива како долгорочна програма за советување, превенција и поддршка, не само за поединците туку и за нивните семејства. Преку мрежата на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, поддршката станува подостапна за граѓаните на повеќе локации низ земјата. Со отворањето на советувалиштето во Радовиш во април годинава, мрежата добива нова точка на поддршка, а иницијативата дополнително го прошири својот опфат.

Зад оваа определба стои разбирањето дека одговорното приредување игри на среќа подразбира повеќе од почитување на принципи и стандарди. Тоа значи континуирана грижа, вложување во превентивни механизми и создавање услови за навремена стручна помош.

За Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, општествената одговорност е составен дел од работењето. Преку иницијативата „Играј одговорно”, компанијата ја нагласува важноста на информираноста, раната интервенција и достапноста на поддршката, со посебен фокус на препознавањето и намалувањето на ризиците од проблематично играње.

Целта е јасна: да се зборува отворено, да се препознаваат ризиците навреме и да се знае дека поддршка постои. Бидејќи вистинската одговорност не е само во тоа како се приредуваат игрите на среќа, туку и во тоа колку активно се работи на заштитата на граѓаните и заедницата.

ИГРАЈ ОДГОВОРНО. БИДИ ИНФОРМИРАН. ПОБАРАЈ ПОДДРШКА.No description available.

ПретходноЈубилејот како дополнителна мотивација за ШК Алкалоид во борбата за нов медал на претстојниот Европски клупски куп
СледноТренерот на Синер оттогаш чека вести: „Тоа е многу фрустрирачки“