Откако заврши и четвртата рунда од актуелната Лига на Шампиони во ракомет, стандардно од страна на ЕХФ е објавен и тимот на колото.
Во него се најде и членот на РК Вардар, Вукашин Воркапиќ кој што имаше одлично издание во поразот на „црвено – црните“ кај Висла на гости од минимални 33:32.
Србинот имаше скор од осум гола, со што и покрај колективниот неуспех на Вардар во случајов, сепак, имаше индивидуално достигнување вредно влез во најдобриот тим.










