МЗТ Скопје му покажа на ТФТ кој е шампион (ФОТО)

66

Шампионот и натаму е перфектен во нашата елитна кошаркарска лига. Вечерва во салата “Јане Сандански“ во дербито на 3.коло, МЗТ Скопје како домаќин успеа да го победи ТФТ со 70:66.

Па така сега шампионот има “три од три“, додека ова за тимот од Тафталиџе е вториот пораз.

Пулените на стратегот Василев тргнаа силовито уште на стартот. Си набилчдаа разлика, а потоа им беше полесно. Првиот период МЗТ Скопје го доби со +10 поени разлика и ова како да беше предзнак за тоа како ќе се одвива ова дерби. Во вториот период гостите одиграа далеку подобро и го добија со +2.

Во продолжение од средбата гледавме рамноправна битка, беше израмнето, но како што се наближуваше крајот, ТФТ ја намалуваше разликата, која на 2 минути и 20 секунди до крајот изнесуваше само +5 поени за МЗТ Скопје.

И кога на 1. минута и 28 секунди резултатот гласеше 67:64 јасно беше дека ќе има драма. Сепак шампионот кога беше најпотребно, знаеше како да одигра и да дојде до победата.

Николиќ со 15 поени беше најефикасен кај домашните, додека Сила кај гостите запиша 19 поени.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноСудии за 10.коло во ПМФЛ: Доне Ристовски “главен“ на дербито во Штип
СледноОфицијално: Зекирија Рамадани на клупата на Гњилане! (ФОТО)