Обрадовиќ по првиот пораз: Немам време да зборувам за ова

116
ФОТО:.facebook.com/paobcgr/

Нема повеќе непоразени тимови во Евролигата, бидејќи Хапоел му застана на патот на Панатинаикос во нивната борба за шеста победа.

„Немавме потребна концентрација. Се вративме во игра, но промашивме неколку лесни шутеви. Се е кошарка, се случуваат вакви работи. Честитки до противникот“, рече тренерот на Панатинаикос, Жељко Обрадовиќ, по натпреварот.

Распоредот е доста неблагодарен и густ.

„Многу пати сум рекол дека кошарката е игра во која сè е важно. И одбраната и нападот. За да успееме да освоиме лесни бодови во транзиција, треба да играме добра одбрана. Уште една работа – играме против Перистери во 13 часот во недела. Играчите треба да се наспијат. Немам време да им кажам за овој натпревар. Тие се паметни, самите го знаат тоа. Ќе се обидеме да се подготвиме за Перистери, а почетокот на следната недела ќе разговараме за грешките од овој натпревар. Едноставно е“.

Тој му се обрати уште еднаш на тимот за да заврши.

„Одлично е што имам можност да работам со овие момци, кои се одлични, да работам во овој клуб и работата што ја сакам најмногу. Луд сум по кошарката“, рече Обрадовиќ.

ПретходноСтруга ТЛ со прва гостинска победа сезонава
СледноМарко Џорлев е светски шампион во карате