ПМФЛ полувреме: Прволигашка „убавица“ во Штип, Вардар води против Брегалница (ВИДЕО)

125

Вториот од двата прволигашки дуели денеска се игра во Штип, каде што домаќинот Брегалница го пречекува актуелниот бранител на титулата тимот на Вардар.

На полувреме резултатот е 0:1, а стрелец на единствениот гол засега е Бобан Николов. Тој реализираше во 24. минута откако Јанкулов нафрли на петерецот, Коцев и Закариќ во воздушен дуел ја спуштија на земја таа ничива топка, а на неа налета Николов кој што убаво погоди во мрежата на Филевски.

Претходно домаќинот имаше сериозни шанси преку Иван Николов, Методиј Максимов, Рајков, но домашните беа непрецизни, а во една прилика Давор Талески спаси чист гол.

 

ПретходноМарко Џорлев е светски шампион во карате
СледноНето донесе победа за Челзи кај Евертон