Вардар триумфално низ Штип, Николов реализира против „својата“ Брегалница (ВИДЕО)

129

Шампионот Вардар успеа да обезбеди нови три госински бодови, овојпат во Штип, откако предмалку со конечни 0:1 триумфираше над Брегалница во вториот денешен ПМФЛ дуел. Стрелец на единствениот гол на денешниот меч беше македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Ова беше може да се каже сосема солиден прволигашки меч за наши услови, во кој и двата тима покажаа што можат. Домаќинот многу повеќе инспириран мора да се признае затоа што очигледно сакаше да покаже колку може против шампионот.

Стартот означен со шансите на Николов, Максимов, Рајков, Талески одлично реагира при една ситуација.
Вардар пак во 24 минута искористи нешто што реално фаворит мора да го искористи на ваков меч. Јанкулов нафрли, Рајков и Закариќ на петерецот во воздушен дуел, а откадокот од таа ситуација го сочека Бобан Николов. Шутираше и погоди зад Филевски. Не славеше, сепак, Штип и Брегалница се негови.

Максимов не ја искористи грешката на Цветковски

Второто полувреме Брегалница го започна напаѓачки. Реши домаќинот да се обиде да стори нешто повеќе на тема негатива, но најсериозната шанса ја имаше сепак по грешка на противникот. Младиот Цветковски наместо да расчисти промаши една топка како последен играч и му дозволи на Максимов да излезе сам пред Талески. Сепак, екс македонскиот младински репрезенаттивец не се снајде, туку напротив се сплетка и не ни упати удар од таа зицер ситуација.

Николов со глава, Стојанов со нога, но домаќинот никако не успеваше да погоди во рамките од голот на Талевски. Омерагиќ на спротивната страна се закани кон Филевски но неговиот удар заврши над голот.

 

ПретходноНето донесе победа за Челзи кај Евертон
СледноШкендија Арачиново: Главниот судија Влатко Илиоски на капитенот Бесир Демири му рече „мајмун неписмен“