Томовски со седум одбрани, нов пораз на Битигхајм

52
Фото: daikin-hbl.de

Мартин Томовски забележа седум одбрани на голот на Битигхајм, кој загуби од Хамбург со 30:35 во натпревар од германската ракометна Бундеслига.

Македонскиот репрезентативен голман имаше успешност од 21 процент, откако запре седум од 33 удари кон својот гол во текот на 43 минути и 24 секунди на теренот.

Томовски имаше и седум одбрани при удари од шест метри, но неговиот учинок не беше доволен да го спречи поразот на домашниот состав.

ПретходноБитолчани постигнаа 39 гола на гостувањето кај Прилеп
СледноМитев: Одиме во Виена со мирни глави, исто како да е реми