Газели Волеј покажаа сила: Шампионот убедливо поразен на отворањето на сезоната

33
фото: Gazeli Volley (FB)

Газели Волеј со убедливи 3:0 го совладаа шампионот Работнички Скопје на отворањето на новата сезона во Првата лига во женска конкуренција. „Газелите“ одиграа одличен натпревар, функционираа сигурно во сите линии и имаа контрола над резултатот во најголемиот дел од средбата.

Работнички Скопје, кој пред десетина дена го освои пехарот во Суперкупот, не успеа да најде одговор на играта на противникот.

Одлично издание имаа и одбојкарките на Наковски Волеј кои со максимална победа тргнаа на мечот дома против Пелистер Волеј. Победи извојуваа и Вардар ЕМ и Струмица.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 1. КОЛО

ЖОК Вардар ЕМ – Фламинго Волеј 3:0 (25:18, 25:16, 25:16)
Наковски Волеј – Пелистер Волеј 3:0 (25:20, 25:21, 25:22)
Фит Фан Волеј – Струмица Жени 1:3 (23:25, 21:25, 25:21, 19:25)
Газели Волеј – Работнички Скопје 3:0 (25:16, 25 :23, 25:17)
Младост УГД – Јанта Волеј – КВ  2:3 (25:18, 24:26, 23:25, 25:19, 12:15)

ПретходноБарселона против Реал ќе игра за историја, Флик знае кој е најдобриот во светот
СледноМеси се збогува со Аргентина со подарок од 10 милиони евра