Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски приреди вистински спектакл во Антверпен, откако со нокаут во првата рунда го совлада Ајман Латифи од Мароко на настанот GLORY 110. Официјалната страница на GLORY Kickboxing ја објави победата на Илиоски, опишувајќи ја како разорен удар врз противникот.
Илиоски, кој настапи во средна категорија, ја заврши борбата со технички нокаут по 1 минута и 9 секунди во првата рунда, откако Латифи трипати беше соборен. Со тоа македонскиот борец забележа голема победа на една од најреномираните светски кикбоксинг-сцени.
Настанот GLORY 110 се одржува во „Лото арената“ во Антверпен, а триумфот на Илиоски е еден од највпечатливите моменти за македонскиот кикбоксинг на меѓународната сцена.










