Претколото ги навестува групите во прволигашката конкуренција

25
Фото: ОФМ/Вангел Тануровски

Викендов се одиграа првите натпревари од претколото во Првата одбојкарска лига за мажи од кои треба да се дефинираат учесниците во Првата А и Првата Б лига. По првите дуели полека се навестуваат уесниците во А групата, но останува, сепак, да се почекаат и реваншите.

Шампионот Штип УГД веќе си ја заврши работата откао ги доби и двата дуели со Јанта Волеј, додека по максималните триумфи на гости и Борец и Струмица се на чекор до А групата.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / ПРЕТКОЛО (ПРВ НАТПРЕВАР):

Јанта волеј – Штип УГД 0:3 (8:25, 5:25, 5:25)

Весна Пробиштип – ГОК Борец 0:3 (20:25, 14:25, 10:25)

Македонија Џио – Струмица 47&72 0:3 (8:25, 10:25, 20:25)

Скопје – Работнички 71&22 1:3 (21:25, 25:20, 22:25, 20:25)

Лирија – Сушево 2:3 (16:25, 25:19, 23:25, 25:18, 11:15)

Шкендија – Универзитет во Тетово 0:3 (20:25, 21:25, 23:25)

ПретходноСлободните на Гуден му донесоа победа на МКК Куманово
СледноРаботнички подобар во драматичната завршница во Битола