Прва радост и за КК Скопје, победа над Струмица

44

КК Скопје ја оправда фаворитската улога и ја совлада Струмица со 83:68 во последниот вечерашен меч од тековното коло во домашниот кошаркарски шампионат. Најзаслужен за победата беше Камерон Џонс, кој постигна 32 поени и беше убедливо најефикасниот кошаркар на натпреварот.

Покрај Џонс, значаен придонес во победничкиот состав имаше и Паркер со 21 поен, додека Миловановиќ го заврши мечот со 12. Кај Струмица, најпрецизни беа Пандев и Крафорд, кои постигнаа по 18 поени.

Скопје 2023 ја постави основата за победата уште во првото полувреме, во кое поведе со 40:32. Домаќините потоа ја зголемија предноста во третата четвртина, добиена со 25:16, па во последните десет минути влегоа со убедливи 17 поени разлика. Струмица го доби последниот период со 20:18, но не успеа да го промени исходот.

ПретходноРаботнички подобар во драматичната завршница во Битола
СледноВедрана освои сребро на Европското Гран При (Е6)