Ведрана Тунески, членка на ТК Бутел, освои сребрен медал на Европското Гранд При (Е6), во кадетска конкуренција до 51 килограм. Со три победи против натпреварувачки од Франција, Турција и Кипар, Ведрана се пласираше во големото финале и освои сребрен медал во исклучително силна европска конкуренција.
Овој резултат претставува екстремно голем успех за македонското таеквондо, особено ако се земе предвид дека станува збор за олимписки спорт и за натпреварување на највисоко европско ниво во нејзината возрасна и тежинска категорија.
Со освоениот медал, Ведрана обезбеди нови 32 бодови и директен пласман на Финалното Гранд При, отворајќи ја вратата за нови меѓународни успеси.










