Денеска во Гостивар се игра последниот дуел од десеттото коло од ПМФЛ шампионатот, во кој што се среќаваат екипите на Арсими и Тиквеш.
На полувреме резултатот е 1:1, а видовме два прекрасни голови на овој меч.
Лорик Каба Јакупи им донесе водство на домашните по грешката на средината на теренот на играчите на Тиквеш. Младинецот на Шкендија убаво мина, се намести на левата нога и прекрасно реализираше во 38. минута.
Сепак, Арсими не замина на пауза со водство, затоа што на добрата систенција на Лавал, Сила од прва биеше и постигна екстра гол за 1:1 во третата минута од судиското продолжение.















