Тиквеш извлече бод на гостувањето кај Арсими (ВИДЕО)

77

Екипата на Тиквеш и натаму одично се движи нив новиот ПМФЛ шампионат собирајќи бодови на своето конто речиси од сите мечеви каде што настапува.

Денеска на пример одработи борбено реми против екипата на Арсими во Гостивар каде што одигра 1:1 во рамките од десеттото коло од домашниот шампионат.

Ако се се одземе и собере од денешниот фудбалски натпревар одигран во Гостивар може слободно да се каже дека ремито е најреален исход.

Домашните во 38. минута преку Каба Јакупи во 38. минута успеа да дојде до водство откако кавадарчани во средината на теренот не се снајдоа најдобро. Некогашниот младинец на Шкендија се намести на лева нога и прекрасно погоди зад Стевковски.

Сепак, Тиквеш е сериозно квалитетен состав во моментов, па ова не го поколеба. Напротив, Лавал спушта топка на раб на шеснаесетникот, а Сила, прекрасно погодува за 1:1.

Во второто полувреме и двата тима со доста акции, шанси, но мрежите не се тресеа. Домаќинот шансата за победа ја имаше преку нововлезениот Дошев, кој што по катастрофалната грешка на дефанзивата на Тиквеш, излезе сам пред Стевковски шутираше но искусниот голман спаси чист гол.

 

ПретходноМЗТ Скопје без Дамјан Стојановски во Германија
СледноЕнрике: Дембеле ја помина најдобрата школа – тоа е Барселона!