АБА2: ТФТ настапи со само 6 кошаркари и доживеа катастрофа во Тузла

112
фото: ABA 2 liga

Кошаркарите на ТФТ Скопје доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај Слобода во Тузла на отворањето на сезоната во АБА 2 лигата, откако домаќините славеа со 106:61. Скопскиот тим допатува на овој дуел со само шест кошаркари, што сериозно го отежна обидот да му парира на расположениот противник. Слобода ја искористи кадровската ограниченост на гостите и уште од почетокот наметна висок ритам.

Тузланчани го добија првиот период со 27:12, а на полувремето имаа предност од 54:26. Ниту по паузата немаше промена на сликата на теренот, па домашниот состав продолжи да ја зголемува разликата до конечните 45 поени.

Тома Стојаноски беше убедливо најдобар поединец во редовите на ТФТ, завршувајќи го натпреварот со 25 поени, седум скока и две украдени топки. Григориј Ѓорѓевиќ додаде 12 поени, додека Матеј Митревски постигна седум.

ПретходноЈунајтед „преполовен“ патува на гостување кај Комо
СледноШтип УГД го одработи официјалниот тренинг во Доетинхем (ФОТО)