Штип УГД го одработи официјалниот тренинг во Доетинхем (ФОТО)

23

Одбојкарите на македонскиот шампион Штип УГД ја почувствуваа салата „Topsporthal“ во Доетинхем и го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот предизвик во Лигата на шампионите.

Екипата ги имаше првите контакти со теренот на кој ќе се соочи со холандскиот шампион, во натпревар кој носи нов европски предизвик и можност за докажување на меѓународната сцена.

За штипјани ова е огнено крштевање во Лигата на шампионите, по што следува реваншот во Штип следната недела.

ПретходноАБА2: ТФТ настапи со само 6 кошаркари и доживеа катастрофа во Тузла
СледноЛШ: Шок за Фенер во 92. минута, Борусија ги однесе бодовите од Баку