Новото засилување на Реал Мадрид, младиот Едуардо Камавинга доби повреда на левата нога, што беше причина да биде заменет на паузата од пресметката со Еспањол вчера.
Камавинга, кој доби повик за настап и во селекцијата на Франција, ќе отпатува во кампот на француската репрезентација, каде ќе ги мине медицинските прегледи, а потоа ќе се донесе одлука дали ќе се врати во Мадрид или ќе остане со репрезентативниот тим на „петлите“.
Ова е уште една лоша вест за Карло Анчелоти, бидејќи листата на повредени и натаму расте. Во неа веќе се Едуардо Менди, Марсело, Дани Карвахал, Иско, Асенсио и Маријано Диаз.