Македонија до 15 години дел од Светското првенство во Баку во новиот 7+1 формат на ФИФА

199

Младата репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември 2026 година ќе учествува на Светското првенство во натпреварувањето 7+1, кое ќе се одржи во Баку, Азербејџан.

Новото светско натпреварување FIFA U-15 World Cup & Festival 2026 е иновативен проект на ФИФА наменет за младински фудбал. Се игра со 7 играчи во поле + голман, а право на учество имаат фудбалери родени во 2011 и 2012 година. Натпреварите траат 40 минути (две полувремиња по 20 минути со 5 минути пауза). Во овој формат динамиката е зголемена со овозможени неограничени („летечки“) измени, изведување аут со нога (kick-in) и офсајд кој важи само во зоната од 23 метри пред гол-линијата.

Нашите млади надежи во групната фаза ќе одиграат 5 натпревари, со можност за пласман во завршната, односно елиминациската фаза од турнирот. Натпреварите ќе се играат во Ховсан комплексот во Баку.

Селекторот на македонската репрезентација, Горан Станковски за натпреварите во Баку, Азербејџан ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Марио Стојковски (Њу Стар), Максим Ѓоревски (Виена ФЦ);

Одбрана: Стефан Арсов (АИК Стокхолм), Дин Рожајац (ФФМ Академија), Ејман Емини (ФФМ Академија), Јетмир Асани (Вардар), Хамза Зубери (Скопје);

Среден ред: Давор Танески (ФФМ Академија), Фишник Амити (Шкендија), Јоан Ѓорѓиевски (Академија), Стефан Стојаноски (Академија);

Напад: Јован Јанчевски (Академија), Драган Петков (Њу Стар), Доротеј Христов (Скопје);

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

Сабота, 24. октомври

Македонија – Панама 12:45

Недела, 25. октомври

Чад – Македонија 10:30

Македонија – Кенија 17:15

Понеделник 26. октомври

Малта – Македонија 09:15

Македонија – Нигер 16:00

 

Претходно„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ, ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Адамовска на чекор до троен ефект
СледноШешко можеби ќе одсуствува до крајот на годината