ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапка против Шкендија Арачиново!

105

По се она што се изминатиот викенд на средбите Шкендија Арачиново – Струга ТЛ во ПМФЛ и Камјани – Кожуф, од ФФМ денеска со реакција за дисциплинска постапки и санкции:

“Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по натпреварите од 10. коло во Прва и 8. коло во Втора МФЛ, меѓу кои дисциплински постапки против два клуба и клупски функционер, како и казни за четворица фудбалери.

Поведена е дисциплинска постапка против ФК Шкендија Арачиново 77 поради слаба организација на натпреварот од 10. коло на Прва МФЛ против ФК Струга Трим Лум, односно поради присуство на неслужбени лица во службените простории. Дисциплинска постапка е поведена и против Сулејман Алими, извршен директор на ФК Шкендија Арачиново 77, поради вербален напад и упатени закани кон судиската четворка по истиот натпревар.

Дисциплинска постапка е поведена против ФК Камјани поради слаба организација на натпреварот од 8. коло на Втора МФЛ против ФК Кожуф.

Воедно, Дисциплинската комисија изрече и суспензија за настап на четворица фудбалери: Мартин Тодоров (ФК Шкендија Арачиново) – суспензија од 2 натпревари; Дарко Денков (ФК Детонит) – суспензија од 2 натпревари; Енис Дервиши (ФК Камјани) – суспензија од 3 натпревари; Давид Ристовски (АП Брера Струмица) – суспензија од 1 натпревар.

ПретходноЧурлин и неговите соиграчи се хит со хитот на Недељко Бајиќ Баја (ВИДЕО)
СледноДани Олмо во „аут“ еден месец