Кварацкелија по тешката повреда со емотивна реакција: Зошто јас? (ФОТО)

84
ФОТО:facebook.com/kkvaratskheliaa7

Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Квича Кварацкелија, сподели емотивна порака откако доживеа тешка повреда во победата од 4-2 над Барселона во Лигата на шампионите. Грузискиот интернационалец има скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено и треба да се подложи на операција, со што ќе започне долг период на опоравување.

„Пред секој натпревар, му се молев на Бога да ме остави да го напуштам теренот здрав и неповреден, но залудно. Не помина многу време, но едно прашање постојано ми се мота во главата: зошто јас? Веројатно никогаш ништо не сум оставил на случајот. За овој натпревар се подготвив подобро од кога било. Мислев дека сум подготвен за сè, но не и за ова“, напиша Кварацкелија на социјалните мрежи.

ПретходноДани Олмо во „аут“ еден месец
СледноФановите на Брегалница со порака: Нешто ќе мора од корен да се смени, не сакаме да гледаме 11 жени….(ФОТО)