Скандал: Уапсен претседателот на грчката федерација!

101
ФОТО:fimotro.gr

Грчката кошарка се најде во центарот на голем правен скандал откако беа издадени налози за апсење на претседателот на Кошаркарската федерација на Грција, Вангелис Лиолиос, и уште пет лица, како дел од истрагата за сериозни спортски прекршоци.

Според информациите од ieidiseis.gr, случајот е поврзан со сомневања за местење натпревари и нелегално обложување на кошаркарски натпревари во Грција. Лиолиос, кој е на чело на Грчката кошаркарска федерација (HKB) од септември 2021 година, е меѓу највлијателните личности во локалната кошарка. Заедно со него, уште пет лица поврзани со судењето и управувањето со кошарка се исто така под лупата на правдата, вклучувајќи двајца актуелни судии. Истрагата траеше приближно три месеци и ескалираше во кривична постапка по темелна анализа на собраните докази и изјави од сведоци. За време на истрагата, Лиолиос и другите осомничени беа повикани да дадат објаснувања, но тие не се појавија. Случајот потоа беше префрлен кај истражител кој, со согласност на обвинителот, нареди издавање налози за притвор. Главниот мотив што го наведоа судските органи е ризикот осомничените да избегаат. Како дел од истрагата, полицијата веќе изврши претреси во нивните домови.

ПретходноОфицијално: Гаштаров во Ц.Звезда до 2031!
СледноГаштаров: Ова е остварување на мојот сонот!(ФОТО)