Во изминатите два – три месеци само убави работи му се случуваат на Матеј Гаштаров на играчки план. Прво се етаблира во стартните единаесет на Ц.Звезда откако тренерот Алберт Риера му даде шанса, а овој максимално ја искористи, за да потоа стана и незаменлив дел од нашата А-репрезентација. По се тоа Гаштаров денеска го продолжи договорот со Ц.Звезда до 2031 година.
Ова се неговите импресии откако клубот и официјално потврди за потписот на Македонецот.
“Новиот договор ми значи многу. Работев напорно за да бидам таму каде што сум сега и ова е остварување на сонот што го имав уште од мал. Сè се случи брзо, но верував во напорна работа, чекав вистинска можност да покажам што можам и пресреќен сум што сè оди вака. Новиот договор е само дополнителна мотивација за мене да продолжам да работам уште понапорно, внимателно да ги слушам сите барања на тренерот и да ги применувам на теренот за да бидам подобар од ден на ден. Давам сто проценти од моите способности на секој тренинг, добро почнав и планирам да продолжам со исто темпо во наредниот период“ – нагласи Гаштаров.










