Еве како се апсат судии во Грција, запленети се 820.000 евра!(ВИДЕО)

161

Голем скандал ја тресе грчката кошарка бидејќи беа уапсени судиите, како и претседателот на локалниот кошаркарски сојуз. Меѓу приведените е и Василики Царуха, активна судијка од Евролигата, добро позната од натпреварите меѓу Црвена Звезда и Партизан, како и на други клубови во Евролигата.

Покрај неа, лисици беа ставени на рацете и на поранешниот познат судија од Евролигата Илијас Коромилас, како и на Петрос Папапетру и Анастасиос Пилоидис. Во истрагата беа вклучени и челниците на Кошаркарскиот сојуз на Грција, приведени беа претседателот на здружението Вангелис Лиолис и неговиот соработник Јоргос Мавраганис.

При претресот на куќата на Петрос Папапетру, полицијата пронајде и заплени 820.000 евра непријавени пари. Царуха беше уапсена веднаш по слетувањето на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, додека се враќаше од Истанбул каде што судеше натпревар во друштво на шпанскиот судија Серхио Мануел и Воислав Лепетиќ од Црна Гора. Полициските сили ја пречекаа на терминалот и со службено возило ја однесоа директно во просториите на Јавното обвинителство на сослушување, а грчкиот портал „Газета“ во меѓувреме објави видео од самото приведување.

ПретходноСпоред Форбс: Роналдо за сезоната 2026/27 ќе заработи 267 милиони евра, а Меси 129 милиони
СледноЈокиќ е на второ место: Ова е листата на ТОП 10 кошаркари со најголеми плати во НБА!