Штип УГД поразен на првиот историски натпревар во Лигата на шампионите

45
фото: CEV.eu

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД претрпе пораз од 3:0 во сетови на гостувањето кај холандскиот тим Орион Старс од Доетинхем, во првиот натпревар од првото коло на квалификациите за Лигата на шампионите.

Домашниот состав беше убедлив во сите три сета, славејќи со 25:13, 25:19 и 25:17. Натпреварот траеше 70 минути, а холандскиот тим имаше предност во нападот и блокот, со што не му дозволи на македонскиот претставник да влезе во посакуваниот ритам.

Кај Орион Старс најефикасен беше Тер Мат со 14 поени, додека Ларс Ент имаше 11. Во редовите на Штип УГД, Задмард и Стојан Илиев беа најдобри поентери со девет поени, а Александар Љафтов заврши со осум.

Штип УГД ќе мора да бара подобро издание на домашен терен на реваншот кој е закажан идната недела во салата „Џексон“ во Штип.

ПретходноРФМ презема иницијатива за реактивирање на Скопскиот судиски збор
СледноПолувреме: Вардар е фантастичен, има плус три во Нант